Колач со сливи и јаболка

од desk2
164 прегледи

Интересен колач со комбинација од овошје.

Состојки:

1 пакување лиснато тесто

300 гр сливи

300 гр јаболка

150 гр шеќер

кесичка ванилин шеќер

40 гр путер

рум

Начин на подготовка:

Ставете шеќер на дното на плехот, па наредете овошје: ред сливи исчистени од коски (свртете ги така да средината на овошјето лежи на шеќерот), ред парчиња од јаболка.

Посипете ванилин шеќер по овошјето, пропрскајте го со рум и зачинете со грутчиња путер.

Развлечете го лиснатото тесто така што ќе го прекриете овошјето, а малку од тестото развлечете и на страна, покрај работ на плехот.

Печете околу 40 минути, на температура од 200 степени и повремено проверувајте дали тестото се пече рамномерно.

Кога тестото ќе се испече, извадете го плехот и оставете го колачот да се лади.

Исечете коцки и послужете со сокот кој го испушта овошјето.