Колаген: Клучна состојка за здрави зглобови и млад изглед

од Elena Daskalova
349 прегледи

Колагенот стана популарен кога козметичките компании почнаа да го истакнуваат како клучна состојка во кремите против стареење, но неговата улога во организмот е многу поголема.

Тој се наоѓа и во нашите зглобови, коските, мускулите, тетивите и во кожата, а по 25-та година од животот, телото го произведува во помали количини, а тоа резултира со намалена еластичност на кожата и појава на ситни брчки.

Но, колагенот ги прави нашите зглобови пофлексибилни, го чува ‘рскавичното ткиво, штити од остеопороза и од скршеници. Ова го дава одговорот на прашањето колку всушност колагенот е важен за нашето тело.

По 25-та година од животот, потребно е да го внесуваме преку додатоци во исхраната или со самата исхрана. Најдобар начин за тоа е супата од телешка коска, која се подготвува со варење на коските, за да се ослободи желатинот во водата.

Се работи за лесно сварлива материја, која го подобрува варењето, крвната слика и помага во обновувањето на ‘рскавицата околу зглобовите. Можете да го подготвите во поголема количина и да го замрзнете во калапи за мраз или во помали садови и да го додавате во оброци, чорби и супи.

Слични содржини