Коларов во врска со вдовицата на капитенот на Фиорентина (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
410 прегледи

Александар Коларов, поранешниот капитен на српската репрезентација и фудбалер на Интер од Милано, беше фатен додека разменуваше нежности со Франческа Фjорети, вдовицата на трагично починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

Коларов и Фjорети беа фотографирани како се бакнуваат во близина на железничката станица во Милано.

Според италијанските медиуми, тие двајцата дошле заедно до станицата, каде биле фатени од папараците на италијанскиот трач неделник „Чи“.

Ова списание во придружниот текст навело дека тие двајца биле во врска неколку месеци, но засега нема официјална потврда ниту од фудбалерот, ниту од италијанската актерка.

Фјорети е вдовица на Давиде Астори, капитенот на Фиорентина, кој почина во март 2018 година во текот на ноќта пред натпреварот на неговиот клуб со Удинезе во Серија А.

Слични содржини