Коледарски огнови во повеќе скопски маала

од desk2
92 прегледи

Дел од скопјани не го послушаа апелот од градските власти и од Македонската православна црква и вечерва запалија коледарски огнови.


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги повика граѓаните да се воздржат од палење коледарски огнови на отворено пред Бадник. Тој поддршка доби и од градоначалниците на сите скопски општини, кои годинава донесоа одлука за забрана за доделување дрва од општините за таа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во главниот град.

И Македонската православна црква апелираше да не се палат бадникарски огнови и на верниците им порача дека местото на празнување е во црквата, а не крај огновите бидејќи овој обичај не е во духот на христијанската традиција./MIA