Колегите се простуваат од Кајевски: „Каков удар сине, монструозен и подмолен шок“….

од Берта Китинска

Македонскиот народен театар информира дека нивниот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Оваа вест шокираше многумина познати личности кои упатија сочувство преку социјалните мрежи.

-Славиша, израз на добрина и човечност, висока професионалност. Прекината е богата кариера. Остануваат впечатливи ликови кои секогаш ќе сјаат и ќе зборуваат за една голема актерска ѕвезда.Со длабока тага, изразувам сочувство до семејството, колегите, пријателите. Нека ти е светол патот, напиша министерката за култура, Ирена Стефоска.

Познатата пејачка Кристина Арнаудова преку својот профил на Фејсбук се прости од нејзиниот добар пријател, актерот Славиша Кајевски кој трагично го загуби животот.

Славиша бил особено близок со сопругот на Кристина, бидејќи како што таа пишува во нејзината објава, тие двајца често разговарале за ракометот.

„Каков удар сине, монструозен и подмолен шок.. За мене ќе бидеш мојот син Раде од Министерка, те сакам убавецу.. Одмори се и поздрави ги другарите“, напиша актерката Весна Петрушевска.

Елена Ристевска го објави спотот во кој Славиша глуми простувајќи се од него.

„Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша“, напиша Елена и го сподели видео-спотот во кој учествува и Кајевски.

Слични содржини