Со сигурност многу дами ќе позавидат на овој гардеробер, бидејќи слабо место на речиси сите дами се токму торбите. Па, Кајли Џенер одлучи да предизвика огромна завист покажувајќи мал дел од нејзината импресивна колекција. 21-годишната ѕвезда, која треба да стане најмладиот милијардер во светот, покажа што содржи нејзиниот плакар.

Чантата од алигаторска кожа, на пример, може да чини импресивна сума од 63.214 долари. Пет од помалите чанти Hermès Birkin пак чинат вкупно 44,200 долари. Во нејзината колекција се наоѓаат креации на Louis Vuitton и Chanel,, кои чинат илјадници долари повторно.
Општо земено, модните обожаватели проценија дека колекцијата на Кајли вреди речиси еден милион долари.
Епа, ние сме импресионирани…