Колемишевски: Кризата покажа дека можеме да градиме државен капацитет и систем за функционална и растечка економија

од Vladimir Zorba
450 прегледи

Тековната криза покажа дека можеме да бидеме флексибилни и да градиме државен капацитет и систем за функционална и растечка економија. Ние нема да застанеме со законските измени и реформи. Штом новата влада ќе дојде на власт, ќе ги измениме нашите закони и подзаконски акти за да го усогласиме нашето законодавство со ЕУ. Овој процес ќе привлече странски инвеститори, вели во интервју за FDI Intelligence заменик министерот за економија Кирил Колемишевски.

Поради пандемијата „Ковид 19“ целата наша земја, сите наши граѓани, институции и целокупната економија, вели тој, „е ставена на најтешкиот тест досега“.

– Со нашата стратешка рамка, која се состои од три групи на директни мерки, веќе реализираме директна помош од најмалку 550 милиони евра, директни трансфери до граѓаните и корпоративниот сектор. Со постојните субвенции, како и капиталните инвестиции во јавната потрошувачка, помошта за економијата и граѓаните во овој период достигнува 1,1 милијарди евра или скоро 10% од бруто домашниот производ, вели Колемишевски.

Во февруари, продолжува заменик министерот, Собранието го донесе Законот за стратешки инвестиции што ќе ги охрабри странските инвеститори да ги носат своите операции во С.Македонија.

– Планираме да се фокусираме на гасификација, изградба на инфраструктура, градење регионален акцелератор за стартапи, научно-технолошки парк и регионален центар за медицински истражувања и развој. Значаен поттик за влез на странски инвестиции ќе биде формирање на посебен фонд во 2020 година, како дел од Планот за економски раст. Ќе иницираме и ќе создадеме услови за развој на ризичен капитал како висококвалитетен извор на финансирање. Ќе донесеме посебен закон за деловни ангели и ќе го измениме Законот за инвестициски фондови, со што значително ќе се намалат [тековните] ограничувања, вели тој.

Целото интервју прочитајте го на следниот линк!

Слични содржини