Колесникова останува во притвор, реши судот во Минск

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Судот во Минск одлучи членот на претседателството на Координативниот совет на белоруската опозиција, Марија Колесникова, да остане во притвор, а таа е обвинета за кривично дело повикување на преземање на власта во земјата. Неколку лидери на опозицијата побегнаа од Белорусија, а Марија Колесникова е единствената од основачите на Координативниот совет што остана во Белорусија.

Нејзината адвокатка Људмила Казак изјави дека притворот на Колесникова е продолжен до 8 ноември, објави „Спутник“.

Колесникова пред истражниот судија изјавила дека е подготвена да сведочи дека тие насилно се обиделе да ја протераат од Белорусија, а таа исто така опиша што навистина и се случило.

Таа побара да се поведе кривична постапка против припадниците на КГБ на Белорусија и Генералниот директорат за борба против организиран криминал и корупција врз основа на кривичните дела „киднапирање, незаконско лишување од слобода, закана за убиство“.

Таа беше приведена ноќта помеѓу 8 и 9 септември, кога уште двајца членови на Координативниот совет успеаја да побегнат во Украина.

Слични содржини