Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре. Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.
Според неа, глас за Силјановска е „глас за враќање назад, во рикверц и глас за оддалечување на државата од Европската Унија“.
Пратеничката порачува дека „на Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на екс-претседателот Ѓорге Иванов“.
-Не нѝ треба претседател кој ќе биде партиски послушник и безгласна буква како Иванов. Не нѝ треба претседател кој ќе го слуша гласот на Белата палата, а ќе биде глув за потребите на граѓаните. Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет, тврди Колева во изјава од седиштето на СДСМ.