Колева: Ја почитуваме одлуката на Уставен суд, но Законот е јасен и треба да се отвори дебата во Собранието

од Vladimir Zorba
591 прегледи

Законот за матична евиденција со графата за националност не се спроведувал со години наназад, вели пратеничката на СДСМ Даниела Колева во гостувањето во ТВ24.

-Сега сме во фаза на одлука дали ќе се спроведува законот или треба да се носат нови измени на Законот за матична евиденција во Собранието, рече Колева коментирајќи го Упатството на министерот за правда Кренар Лога со кое се операционализира Законот на матична евиденција.

Според неа, СДСМ уште од самиот почеток оставил да решава Уставниот суд.

-Графата била воведена во закон уште претходно, но се работело противзаконски и за време на ВМРО-ДПМНЕ. Никој од нив не ја вклучил националноста, но ако Уставен суд реши дека е неуставно секако дека ќе ја почитуваме одлуката. Немаме проблем со спроведувањето на законот со графа, веќе бил таков законот, но можеме да отвориме дискусија за нови измени на Законот. Нашата стратегија е да се отвори широка јавна дебата и дискусија на која ќе може да се чујат сите мислења и Собранието е место каде ова може да се регулира. Ова треба да се дискутира во Собрание, истакна Колева.

Слични содржини