Колева: Наставниците и стручните соработници отсега директно ќе се вработуваат на неопределено време

од Берта Китинска
258 прегледи

Во собраниска процедура се влезени измените и дополнувањата на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, како и Законот за Бирото за развој на образованието, потсети пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

Според неа со измените на овие закони се обезбедува правна и економска сигурност на наставниот кадар во основите и средните училишта.

„Наставниците и стручните соработници отсега директно ќе се вработуваат на неопределено време доколку ги исполнат законски предвидените услови“, истакна Колева.

Ова како што вели Колева ќе значи дека со новиот закон им се трансформира работниот однос на сите наставници и стручни соработници кои до моментот на негово стапување на сила се ангажирани на определено време, ако за тоа ги исполнуваат условите.

„На овој начин би се опфатиле 1.464 наставници и стручни соработници кои во моментов се ангажирани на определено работно време до 2 години, како и 3.326 наставници ангажирани на определено работно време над 2 години на кои не им е трансформиран работниот однос.Законските измените ќе обезбедат правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници“, додаде пратеничката од СДМ.

Реагира за како што вели блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште на комисиската расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го блокираат овој закон кој е во интерес на наставниците, но и на учениците и нивните родители.ВМРО-ДПМНЕ се противи наставниците и стручните соработници да добијат правна и економска сигурност, да се ослободат од стресот предизвикан од неизвесноста дали ќе им се продолжи работниот однос, тие се против тоа да се обезбеди континуитет во реализацијата на наставниот процес’“, вели Колева.

Слични содржини