Колева: Парите од задолжувањата наместо на непродуктивни трошоци се користат за изградба на улици, патишта, детски градинки и училишта

од Nikola Popovski
163 прегледи

Ребалансот што треба да се усвои има повеќе цели, заздравување на економијата и помош на граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од кризата, преку пренамена на средства од ставки кои не се приоритет или можат да бидат реализирани подоцна во ставки кои сега се приоритет, порача пратеничката Даниела Колева во реплика на денешната седница на Собранието.

-Зарем вие сметате дека не треба да се дадат дополнителни 52 милиони евра за земјоделците. Јас мислам дека ќе се согласите и вие дека на вистинско место се наменети тие средства, токму кај земјоделците за да се исплатат сите субвенции за тековната година и сите заостанати субвенции. Зарем вие мислите дека 76 милиони евра за креирање мерки за поддршка и помош на граѓаните не треба да има? Мислам дека ќе се сложиме дека средствата се наменети на вистинско место онаму каде што треба, кажа Колева од собраниската говорница.

Колева истакна дека владата предводена од СДСМ одговорно управува со јавните финансии, а парите од задолжувањата наместо на непродуктивни трошоци се користат за изградба на улици и патишта, на детски градинки и училишта.

Слични содржини