Колкава е штетата од една ноќ преспана со целосна шминка?

од Elena Daskalova
428 прегледи

Секоја девојка која се грижи за себе знае дека спиењето со шминка е најлошото нешто што може да си го направи на себе и дека отстранувањето е задолжително.

Што се случува со вашето лице утрото откако преспавте со шминка?

Лицето е масно и нечисто, маскарата размачкана, трепките залепени, а и самото чувство дека сте нечисти не прави да се чувствувате подобро. Затоа, дури и откако ви се случило да преспиете со шминка, веднаш по будењето треба да се посветите на нејзино отстранување и поинтензивна нега на кожата.

Што да правите за да спречите катастрофа?

Колку и да ви се чини дека не е така, штетата не е преголема, бидејќи ви се случило само еднаш. Но, почнете со мицеларна вода. Нанесете на парче памук и потоа пребришете го лицето.

Следен чекор е нежниот ексфолијант. Не користете груб пилинг, за да не предизвикате иритации и да го зголемите ризикот од акни. Потоа, исплакнете со млака вода.

Неколку часови не нанесувајте ниту серуми ниту креми, за да ги оставите порите кои биле затнати цела ноќ малку да дишат. Дури и ако ја чувствувате кожата сува и затегната, треба да почекате неколку часа, додека кожата самата да почне да ги произведува природните масла.

Не заборавајте, ваквите пропусти не се опасни доколку навистина се случат 2-3 пати во животот. Сè што е повеќе од тоа може да ви создаде огромен проблем.

Слични содржини