Колку адреси треба да промениш за да станеш Путин!?

од desk3
114 прегледи

 
Рускиот претседател е еден од најобилните политичари: на светската карта останале малку земји каде тој да не бил барем еднаш. Но некои географски точки заземаат посебно место во животот на рускиот претседател.

1476608918-qew

Русија, Санкт Петербург, “Басков переулок” №12

Во првите години од животот идниот претседател на Русија живеел со родителите во соба од Комунално сместување со уште три семејства. Тоа била стара куќа – поранешен дворец на бароницата Луиза фон Таубе.Просторијата без бања се загревала на дрва и се наоѓала на петти кат во зграда без лифт.

Русија, Санкт Петербург, Крајбрежна на реката Мојка, №94

Овде, во едно од крилата на Јусуповската палата, се наоѓала секцијата по самбо и џудо, која Володја Путин почнува да ја посетува на 11-годишна возраст. “Почнав да се занимавам со џудо уште како момче и сериозно се навлекува на источните боречки вештини, нивната посебна филозофија, култура на односи со противникот и правилата на спроведување на борбата”, се сеќава Путин.

Русија, Санкт Петербург, “Литейни проспект”, бл. 4

Уште пред да заврши училиште, Путин имал желба да работи во разузнавањето. “Сфаќањата за КГБ се родија врз основа на романтични приказни за работата на разузнавачките агенти”, раскажува Путин.

За да научи како се станува разузнавач, тој оди во Ленинградското управување на КГБ на “Литејни проспект”. Таму му велат дека како почеток треба или да отслужи во армијата или да заврши ВУЗ, по можност Правниот факултет. “Од овој момент почнав да се готвам за Правниот факултет на Ленинградскиот универзитет”, се сеќава Путин.

Русија, Санкт Петербург, улицата “Смолни”, №3; 22-ра линија на Василиевския остров, №7

Од 1970 до 1975 година Путин студира право на Правниот факултет на Ленинградскиот универзитет. Откако ја добива дипломата за правник, тој почнува работа во КГБ.

Русија, Москва, Мичурински проспект, №70

Во 1979 година Владимир Путин посетува 6-месечен курс на обука во Факултетот на КГБ №1 (сега – Академија на Федералната служба за безбедност).

Русија, населба Нагорное, Митишчински регион, Московска област

Тука во 1984-85 година тој учи во Институтот “Андропов” (денес – Академија на надворешното разузнавање), каде го подготвуваат за разузнавачка работа во Дрезден. За време на обуката тој го добива псевдонимот “Платов”.

Германија, Дрезден, Radeberger Straße / “Радебергер штрасе” №101.

По пристигнувањето во Дрезден во 1985 година 33-годишниот капетан на КГБ Владимир Путин со семејството добива еднособен службен стан со плакар на третиот кат во долга пет-катен блок со 12 влеза. Денес во овој стан живее германското семејство Бекер. И тие, како и Путин, имаат две деца.

Германија, Дрезден, Angelikastraße / “Ангеликаштрасе” № 4

Во оваа вила во 80-тите години на дваесеттиот век се наоѓала територијалниот разузнавачка точка на КГБ, каде работеле шест офицери. Меѓу нив бил и Владимир Путин. Во 1989 година, по мирната револуција во ГДР, разузнавачката точка е искоренета. “Лично јас тогаш изгорев огромно количество материјали. Запалив толку многу што шпоретот пукна” раскажува Путин.

Во непосредна близина на вилата и до денес работи гостилницата “Am Thor”, која Путин и неговите колеги често ја посетувале вечерно време.

Русија, Санкт-Петербург, “Смолни проезда” №1

Во Смолни, архитектонско ремек дело во стил класицизам на Италијанецот Џакомо Кваренги, Путин добива кабинет во јуни 1991 година, кога започнува работа како претседател на Комисијата за надворешни работи на општината на Санкт Петербург.

Русија, населба Солововка, Ленинградска област

Тука на 11 ноември 1996 година Владимир Путин и уште седум акционери создаваат кооператива “Озеро”, и која влегуваат во составот на современата руска елита. Особено, основачи на “Озеро” се долгогодишниот шеф на Отворено акционерско друштво “Руски железници” Владимир Јакунин, косопственикот на банка “Русија” Јуриј Ковалчук, поранешниот министер за образование на Русија Андреј Фурсенко.

Русија, Москва, “Стариот плоштад” №4

Во 1996 година Владимир Путин се пресели со своето семејство во Москва, каде што ја зазема должноста заменик-директор на администрацијата на претседателот на РФ. Новото работно место станува зградата каде во советски времиња е сместено раководството на Комунистичката партија.

Русија, Москва, ул. “Болшаја Лубјанка” №1

Во јули 1998 година, Владимир Путин е назначен за директор на Федералната служба за безбедност на РФ и добива работен кабинет на “Лубјанка”.

Москва, “Краснопресненска крајбрежна” №2

Во август 1999 година, три години откако се пресели од Санкт Петербург во Москва, Путин станува Претседател на Владата на РФ и од “Лубјанка” се сели во “Домот на владата” или, како што го нарекуваат во Русија, “Белата куќа”.

Русија, Усуријски резерват

На 31 август 2008 година Владимир Путин го посетува Усуријскиот резерват (на 100 километри од Владивосток), каде става GPS огрлица на Амурски тигар. Тигрица е фатена во стапица, но кога Владимир Путин и група научници се појавуваат на патеката, успева да им избега. Путин пука во животното со воздушно оружје, наполнето со опојно стреливо, како резултат на што тигрица заспива. Научниците го мерат растот , нејзината тежина и фреквенцијата на пулсот, а исто така и прават анализа на крвта.

“Нема ли алкохол во крвта?”, Се шегува Путин, по што и става на тигрица GPS огрила.

Русија, полуостровот Јамал, западен Сибир

Во 2012 година Владимир Путин учествува во експериментите за обновување на популацијата на сибирски жерави. Со авионче купено од Путин со сопствени средства и донации на орнитолози, претседателот Путин застанува на чело на јато млади жерави, за да им го покаже патот кон местата за презимување.

Русија, град Сочи, ул. “Инжирнаја” №13

Тука се наоѓа државната вила “Бочаров потоци” – официјалната летна резиденција на Владимир Путин.

За време на престојот на Владимир Путин во резиденцијата “Бочаров потоци”, пред вратите работи јавната претседателска администрација која пречекува огромни редици од Руси кои сакаат да ги споделат своите проблеми со претседателот.

Русија, село Усово, Московска област

Тука се наоѓа зградата од XIX век Ново-Огарово што од 2000 година е официјална резиденција на Владимир Путин.

Русија, Република Тувал, реката Хемчик

Владимир Путин доаѓа неколку пати тука на летен риболов. Во август 2009 година токму тука тој демонстрира одлична техника на возење и пливање во стил пеперутка.

Русија, остров Школни, Астраханска област

Во август 2001 во одмаралиштето “Житное” Владимир Путин е на одмор и риболов заедно со Дмитриј Медведев. Набљудувачите се особено импресионирани од белите костуми на двајцата рибари.

Русија, населба Сенној, Краснодарски крај

Тука се одржуваат археолошки ископувања на местото на грчката колонија Фанагорија. Во 2011 година за време на посетата на овие ископувања Владимир Путин нурка с и наоѓа на дното на Таманскиот залив две старогрчки амфори од VI-VIII век п.н.е.