Карди Би дефинитивно нема да заштеди со нејзиниот животен стил. Пејачката признала на видеото на Твитер дека троши во просек од 250 до 300.000 долари месечно за да го одржи стандардот на живеење.
“Уметниците како мене и многу рапери што ги знам буквално се грижат за целото семејство. Освен тоа, да се биде ѕвезда бара многу финансиски средства за да изгледаш добро и да правиш нешто друго. На пример, моите сметки просечно изнесуваат 250-300.000 долари секој месец, и јас се обидувам да ги намалам, но тоа не функционира “, рече 26-годишната ѕвезда.
Објаснувањата на пејачката излегоа кратко време откако хејтерите на социјаните мрежи ги нападнаа ѕвездите дека трошат многу пари за себе, наместо да ги донираат во добротворни цели.
Хип-хоп пејачката додаде дека 45 отсто од нејзината заработка оди на даноци – “За да потрошите 500.000 долари, мора да заработите најмалку еден милион.”