Колку Европејците се задоволни од јавниот превоз: Македонија меѓу последните земји

од Nikola Popovski
52 прегледи

Седум од 10 жители во Европа се генерално задоволни од јавниот превоз во нивниот град, се вели во извештајот на Европската комисија. Според истражувањето на „Еуроњуз“, постои голема разлика во нивото на задоволство од јавниот транспорт низ европските градови.

Во Скопје и Македонија, 47 проценти од жителите се задоволни од јавниот градски превоз, односно сме меѓу последните на оваа листа.

За споредба, Италија и Албанија се полоши од нас каде довербата во јавниот превоз е 29 отсто, со искулучок на Рим каде задоволството на жителите е околу 50 %. Следува Црна Гора со 37%, Србија и Кипар со 44% задоволни граѓани.

Задоволството од јавниот превоз надмина 85 отсто во три нордиски престолнини – Хелсинки, Осло и Стокхолм – тесно следен од Копенхаген, со 81 отсто задоволство.

-Во светлината на климатската криза, коалицијата од 43 европски транспортни организации бара зголемено финансирање од ЕУ за јавниот транспорт.

Европската комисија, исто така, сака да поттикне промена во однесувањето во корист на активната мобилност и јавниот транспорт, стои во текстот на „Еуроњуз“.

Слични содржини