Колку германската разузнавачка служба е поврзана за разузнавачките служби во САД

од Vladimir Zorba
75 прегледи

 

 

 

Американскиот претседател Доналд Трамп проследи на Русија документ од една странска разузнавачка служба, наведе Дојче веле и постави прашање дали тоа е причина и Германија да се загрижи и колку германската разузнавачка служба БНД е поврзана за службите во САД. 

Дојче веле наведе дека аферата во врска со Трамп и разузнавачките служби предизвикала вознемиреност и во Германија. Пратениците во Бундестагот така сакаат да знаат колку тајните извори се уште се безбедни, ако се земе предвид дека американскиот претседател толку лесно на трета страна проследува документи од доверба на една странска разузнавачка служба.

Според медиумските колумни, Трамп би сакал да ја открие истрагата која ФБИ ја води за неговите контакти со Москва и поради тоа проследил тајни документи на една странска разузнавачка служба на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Дојче веле наведе дека тоа го направил очигледно без претходна консултација со израелската тајна служба, која исто така ако се суди според медиумските информации, со тоа била директно погодена.

„Дали така и информациите на германската тајна служба БНД одат во Вашингтон? И одат во раце на сомнителни партнери?” – прашува Дојче веле.

Политичарот на германската партија на Зелените Ханс-Кристијан Штребеле, член на парламентарната Комисија за контрола на германската разузнавачка служба, остро го критикуваше американскиот претседател. Тој за радиото „Дојчландфунк” изјави дека „Трамп гази со нозе по доверливи извори на странските разузнавачки служби, не ги почитува етаблираните правила и поради тоа треба да сноси последици”.

Дојче веле наведува дека Штребеле притоа мислел на владата на Германија. Се наведува дека владата во Берлин според сопствената изјава, не гледа дека постои акутна причина за акција. А на директното прашање на новинарите дали со тоа се погодени и тајните информации на германските служби, портпаролот на владата Штефан Зајберт не одговори. Само рече дека во овој конкретен случај единствено парламентарната Комисија за контрола на разузнавачките служби, има право за тоа повеќе да дознае.

Зајберт изјави дека без оглед на актуелните обвиненија на сметка на американскиот претседател, во германски интерес е и понатаму да ги споделува сознанијата на тајните служби со партнерските земји како што е САД.

„Добрата соработка на тајните служби е значаен предуслов ефикасно да ја водиме борбата против меѓународниот тероризам” – наведе Зајберт.

Се наведува дека добриот познавач на работата на разузнавачките служби Флоријан Пајл, во изјавата за германскиот јавен сервис АРД, само ги зајакнал тие аргументи.

„Кога се работи за добивање на информации, германската БНД се уште, посебно во техничката област, силно се потпира на американската разузнавачка служба” – рече Пајл и додаде дека поради тоа во овој случај се исклучува конфронтација.

Тој наведува дека тоа додуша во некои случаи може да значи дека во иднина многу доверливи информации прво можат да бидат задржани, но тоа ништо не би променило во генералната размена на податоци меѓу американските и германските разузнавачки служби.

„Поради тоа врските со Америка се повеќе од важни, посебно затоа што БНД има скроми ресурси” – наведе тој

Дојче веле – Бон