Google издаде извинување на корисниците на паметни телефони со Android оперативен систем кои во петок на сајтот Reddit објавија дека опцијате за штедење на батериите на нивните мобилни телефони сама се активирала, без нивно знаење или согласност.

Според тврдењата на бројните сопственици на мобилни телефони со Android оперативен систем, кои забележале дека опцијата за штедење батерија неочекувано се вклучила на Google Pixel и Essential телефоните, дусри и кај оние кои претходно сами ја исклучиле.
Уредите на кои тоа им се случило ја имале инсталирано последната верзија на Android Pie 9.0.
кога е вклучена, опцијата за штедењето на батеријата ги успорува перформансите на телефоните и оневозможува телефонот да прима и да пребарува известувања во врска со приемот на мејлови, ажурирања на апликации и слично.
„Во прашање е интерен експеримент чија цел е да се тестираат можностите за опциите за штедење батерија, во кој по грешка се вклучени повеќе корисници од планираното“, се извинија од Google.
Додека на овој случај може да се гледа на мал инцидент, сепак корисниците се запрашаа во која мера и на кој начин Google е во можност да воспостваи контрола над паметните телефони кои користат Android оперативен систем.