Лето е. Сонцето грее, а сите  размислуваат како да се подготват за на море оваа година. Веќе сте свесни дека без сончање нема да се извлечете, но дали знаете како да го практикувате? Излегува дека не само највисокиот заштитен фактор е од значење, туку и количината која ја нанесувате врз кожата.IMAGE_Desert-Sun-Tanning2_medium

Експерти од центарот кон националниот британски институт за здравје предупредуваат дека производите за заштита на кожата треба да се најмалку со SPF 15. Тие открија дека генерално луѓето не ги користат правилно своите креми и лосиони и нанесуваат само помеѓу 25 и 75% од потребното количество на лицето и телото. Нивните колеги од Американската академија за дерматологија открија дека на секој квадратен сантиметар од телото треба да се стави барем 2 кубни милиметри од соодветниот производ за сончање.

Еве и уште неколку корисни совети од експертите:

– Количината крем за едно премачкување на телото и лицето е колку една полна чаша;

– Мачкајте се на секои два часа, а ако влегувате во вода или под тушевите дури почесто;

– Производите со SPF често блокираат само UVB зраците, што не е доволно. Купувајте такви на кои е означено дека штитат и од UVA зраците;

– Намачкајте два слоја! Кога ќе се намачкате еднаш, вие ја покривате кожата со тенок слој, затоа е подобро да го повторите уште еднаш. Направете го тоа веднаш откако ќе го нанесете првиот слој;

– Не заборавајте на усните! Сѐ повеќе балсами се нудат со заштитен фактор, одберете ги нив. И усните можат да изгорат;

– Кога сонцето ќе стане најсилно (помеѓу 14 и 16 часот.) подобро е да  се скриете под чадор. Тоа е важно не само за кожата, туку и за вашето здравје! Носете капа, ако сте долго време на сонце, таа го пази не само лицето, туку и темето.