Околу 60 до 70 проценти од светската популација треба да се вакцинираат за да се запре ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација.
Таквата проценка се заснова на неколку студии, рече Кетрин О’Брајан, шефот на одделот за вакцинација на СЗО, на прес-конференција во Женева.
Таа истакна дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна кога ќе се знае повеќе за вакцините што се тестирани досега, објави „Њујорк тајмс“.
„Навистина е важно да започнеме да добиваме повеќе информации“, рече претставникот на СЗО.