Според една студија на „Harvard Health“, само 21 минута пешачење дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 30 проценти. Освен тоа, пешачењето помага во намалување на крвниот притисок, холестеролот, го намалува ризикот од дијабетес и рак и ја подобрува менталната острина, пишува „HuffPost“.
Придобивките се неколку, меѓу кои намален ризик од болести, односно ја стимулира работата на срцето и ја подобрува циркулацијата.
„Помага при контрола на тежината – секоја минута брзо одење го намалува ризикот од дебелина за 5 проценти. Го подобрува расположението – физичката активност го намалува стресот и анксиозноста. Ги спречува негативните ефекти од продолженото седење – идеален е за луѓе кои поминуваат многу време седејќи, без разлика дали се на работа или дома“, се вели во студијата.
Како да вклучите повеќе пешачење во вашето секојдневие?
Прошетка со пријателите, освен што е помотивирано, шетањето во друштво може да стане и забавна рутина. Слушајте го вашиот омилен подкаст или музика – ова ќе ја направи вашата прошетка уште попријатна и нешто што ќе го очекувате.
Започнете со мали чекори – доколку немате време за 20-минутна прошетка, започнете со кратки прошетки од неколку минути и постепено зголемувајте го времетраењето. Без разлика на возраста и физичката подготвеност, пешачењето е една од најдобрите навики за долгорочно здравје.