Ефикасен начин за согорување на калории, а нема да ве чини ништо

од Stefanija Kuzmanovska

Кога некој ќе ви каже дека пешачењето не е тренинг, не го слушајте. Секоја активност е добра активност. Истото важи и за пешачењето, кое може да ви помогне да ги постигнете вашите цели за стекнување кондиција и губење на килограми.

На повеќето луѓе пешачењето ќе им одговара повеќе од трчањето, бидејќи можете да пешачите многу подолго отколку што можете да трчате, а спротивно на популарното мислење, пешачењето е многу ефикасен начин за согорување на маснотиите.

Истражувањето кое ги испитуваше ефектите од пешачењето на дебелите жени во период од 12 недели покажа дека тоа е особено ефикасно во намалувањето на висцералните маснотии или маснотиите во пределот на стомакот, што го зголемува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.

Еш Вилкинг, тренер за сите фитнес ентузијасти, предложи рутина на пешачење која ќе биде одлична и за согорување калории.

Тоа е рутина која трае 60 минути и се состои од три дела.

Загревање (12 минути)
Една минута пешачете со побрзо темпо од вообичаено, а потоа трчајте во место 30 секунди, кревајќи ги колената што е можно повисоко.

Повторете ги овие две вежби наизменично.

Пешачење со различно темпо (40 минути)
Одете со побрзо темпо три минути, а потоа полека две минути. Повторете осум пати.

„Ладење“ (8 минути)
Одете со исто, лесно темпо осум минути.

Ова е активност која е идеална за пролет, а на пречи и на пониски температури. Само облечете се подобро и уживајте во прошетката, дефинитивно ќе се чувствувате подобро.

Слични содржини