Колку пари Сем Асгари би можел да извлече од разводот со Бритни Спирс?

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот и фитнес тренер Сем Асгари (29) нема да добие ништо од Бритни Спирс (41) во бракоразводната парница.

Според предбрачниот договор, во случај на развод, Сем би добивал милион долари за секои две години брак. Сепак, тој и Бритни се разделија по само 14 месеци.

Без оглед на предбрачниот договор, TMZ дознава дека е можно популарната пејачка да му даде на својот поранешен сопруг еднократен чек за да ги задржи за себе сите лични работи за неа.

Но и овде пејачката наводно е заштитена со договор.

Имено, како што пренесуваат странските медиуми, во предбрачниот договор стои дека е забрането објавување информации во јавноста. Иако во медиумите се појавија информации дека Сем ја уценува Бритни и дека ќе објави срамно видео доколку не добие пари, неговиот претставник Брендон Коен ги демантираше тврдењата за „Холивуд Репортер“.

„Сите тврдења се лажни и нема никаква злоба насочена кон Бритни, ниту пак ќе има некогаш. Сем секогаш ќе ја поддржува“, рече тој.

Слични содржини