Колку се безбедни граѓаните после пресметките на нарко-дилерите: „Се уште има луѓе и криминалци кои што се охрабриле на културата на неказнивост во нашето општество“

од Nikola Popovski
543 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска порача дека дека вчерашното пукање во трговскиот центар „Ист Гејт“ е криминална пресметка и дека не е загрозена јавната безбедност. Според него, станува збор за изолиран случај.  -Позадината на застреланиот и конфликтот што го имаат се знае точно. Практично, тие криминални групи се претежно разбиени во многу оперативни акции што ги преземаме секојдневно, изјави Спасовски пред новинарите. Непознат напаѓач со капа на главата вчера околу 15.00 часот во молот пукаше во скопјанецот РадетТрајковски – Штекли и неговиот другар додека се симнуваа по ескалаторот кон гаражата по посетата на фитнес-центарот. На снимката од надзорната камера што ја објавија медиумите, се гледа како напаѓачот од непосредна близина пука кон Трајковски и неговиот другар, кои беа оперирани на Хируршката клиника „Наум Охридски“ и, според лекарите, се во релативно стабилна состојба, но се уште опасно загрозувачка“.

Ваквите престрелки зачестија во последниот период, па оттаму се поставува прашњето дали граѓаните навистина се безбедни како што тврди власта или се потфрла во превенцијата како што обвинува опозицијата? Во јавноста се спомнуваат можности и за скенери на самите влезови од моловите, па дури и поседување на огнено оружје на лицата кои работат како обезбедување во објектите. Според универзитетскиот професор по безбедност, Александар Нацев, репризата на неодамнешните случувања во молот укажува дека безбедноста во главниот град не е задоволнително ниво и изјавата на министерот за внатрешни работи дека расчистил со криминалните групи од разни делови од градот, излегува дека не е баш вистинита.

-Вчера видовме дека сред бел ден во прометен трговски центар, еден дрзок обид за убиство и според тоа, се уште има луѓе и криминалци кои што се охрабриле на културата на неказнивост во нашето општество и се уште се подготвени да излезат и на јавно место да се пресметуваат со своите криминални противници. Оттука се поставува и прашањето дали треба зголемување на мерките во трговските центри. Веќе кога МВР не може да не заштити, да видиме дали моловите сами по себе со сопствено обезбедување можат да ја зголемат безбедноста на потрошувачите и луѓето кои се движат во нив, вели Нацев во разговор за „Локално“.

 

Вели дека зголемувањето на безбедноста може да се направи и постојат процедури и мерки да се воведат, но сето тоа ќе биде на трошок на моловите и сопствениците.

-Од друга страна, мораме да размислиме како ќе се одрази врз потрошувачите бидејќи доколку ставиме скенери и детектори на метал како на аеродромите, тоа значително ќе го забави протокот на луѓе и ќе има големи редици при самото влегување. Да не заборавиме дека сите трговски центри имаат сопствени паркинзи и не е само еден влез. Едно сложено прашање за кое мора да се седне и да се направи анализа, за да се види дали е прифатливо решение, анализира Нацев.

Околу тоа дали треба да им се дозволи огнено оружје на припадниците на агенциите за обезбедување, оценува дека е добра идеја која што е веќе постоечка практика во повеќе земји каде имало вакви инциденти, но мора да има промени во Законот за оружје и обезбедување за имоти и лица, во кои е строго регулирано при вршење на какви работни дејности, обезбедувачите можат да носат огнено оружје.

-За жал, Македонија стана место за пресметка на криминални банди и каде што се уште се свежи трагите од „Диво насење“ каде имавме терористички организации. Апсењата „Ќелија 1“ и „Ќелија 2“ покажуваат дека има постоечки терористички организации во државата и барем вакви ситуации кога имаме јасни снимки и војна меѓу криминални банди, полицијата мораше многу побрзо да реагира и да го најде лицето,а не да го бараме преку социјални мрежи. Веројатно како и претходните пукања, и ова ќе биде неразјаснето. Претпоставувам дека лицето е избегано надвор од државата, порачува професорот за сторителот кој вчера пукаше на екслаторите во „Ист Гејт“.

Н.П.

Слични содржини