Со државнички одлуки, со мудрост и знаење, успеавме да направиме исчекор во европските интеграции после 17 години, сега е потребно сплотување за целосна интеграција во Европската унија, за подобар живот и вградување на македонскиот идентитет во европскиот, порача вечерва од Петровец, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.
-Наша обврска како социјалдемократи, како носители на концептот за Европска Македонија е да работиме за сплотување на нацијата. Колку сме посплотени, толку побрзо ќе го вградиме нашиот македонски идентитет во европскиот. Така, не само што за век ќе го заштитиме туку и посилно ќе ги промовираме нашите суштински обележја: јазикот, историјата, културата во времето што доаѓа. Во европскиот идентитет, каде се интегрираат нациите, државите членки не губат ништо од својата специфичност, посебност и различност, ниту пак од својата национална слобода и гордост. Во оваа смисла го гледаме и европкиот стремеж на македонскиот граѓанин. Рамноправни со државотоврните европски народи Македонците да бидат горди на тоа што се и на она што биле, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва во Петровец