Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Колку топ менаџерите бараат совет од својот животен партнер?

Колку топ менаџерите бараат совет од својот животен партнер?

Високите менаџерски позиции носат големи предизвици, ризици, стрес на работното место, што е скоро и нормално за поголем број на професии. Топ менаџерите на својот “грб“ го носат најголемиот товар од работата, управуваат со неколку процеси одеднаш, одговорни се за своите вработени, треба да ги следат промените, да менаџираат со предизвиците, брзо да донесуваат одлуки, да мислат на иднината, да кројат планови за излез од кризата…

Сето ова е тежок и исцрпувачки процес, но не и невозможен. Секој топ менаџер има поддршка од својот тим, колегите, соработниците, клиентите… сите оние со кои постојано е во комуникација и соработува.

Но, истражувањата покажуваат дека скоро половина од топ менаџерите во САД, наместо совет од некој колега, претпоставен или слично, се консултираат со својот животен партнер (момче/девојка – сопруг/сопруга). Освен животните партнери, како “рамо за плачење“ и совети, топ менаџерите им се обраќаат и на своите блиски пријатели.

Експертите сметаат дека на овој начин менаџерите се обидуваат од луѓе кои добро ги познаваат да ја анализираат ситуацијата со објективни “очи“ на некој кој не е инволвиран во работата, туку ја набљудува од страна.

Понекогаш доволно им е да бидат сослушани, да знаат дека некој мисли на нив и ги поддржува, но постојат и ситуации кога нивните идеи и предлози се покажале како доста корисни. Можеби менаџерот од премногу детали не може да ја види целата слика, па затоа некој негов близок ќе може да му помогне полесно да ја “зумира“ целата ситуација.

loading...