Според СДСМ, со ВМРО-ДПМНЕ нема да има поголеми плати и пензии, туку само споменици и стиропор за богатење на Белата плата, врз грбот на народот. Ова следува како вчерашната најава на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски кој истакна дека доколку дојдат на власт ќе ги зголемат пензиите линеарно за 5 000 денари и ќе обезбедат 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции.
-ДПМНЕ во изминатите 2 години покажа како ја практикува власта во Град Скопје и во 40-тина општини низ државата, со нула резултати и бесконечни листи нереализирани ветувања. Јавноста одамна ги прочита нивните лаги, велат од СДСМ и додаваат дека „колку во Скопје што има бесплатен превоз толку ДПМНЕ и пензиите ќе ги качи“.
-Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40 отсто. Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари. Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари. Разликата е јасна и очигледна, порачаа од владејачката партија.
Мицкоски во вчерашното свое обрќање ги стави во фокус пензионерите, за кои рече дека заслужуваат линерано зголемување на пензиите.
-Сакам да ги споменам пензионерите кој што ги гледаме со месеци буквално измрзнати, гладни чекорат по плоштадите и улиците барајќи правична распределба на средствата од буџетот, барајќи линеарно зголемување на пензиите кои што тие во оние средби кои што јас ги имав со нив изминативе два месеци го поставија тој праг на околу 5.000 денари, истакна Мицкоски.