Колку за неспиење – Што да јадете пред спиење?

од Vladimir Zorba
202 прегледи

По долгиот и напорен ден, сè за што копнеете, е да се мушнете во кревет и да се наспите. Но, има денови во кои сонот едноставно не доаѓа! Причината може да е замор, голем стрес, емоционални проблеми или едноставно несоодветна храна.

Малкумина размислуваат дека јадете може да влијае не само на тежината туку и на квалитетот на сонот. Еве што да избегнувате и што да јадете пред спиење според експертите:

Чаша топло млеко: ДА

Се сеќавате ли како нашите баби настојуваа да пиеме чаша топло млеко пред спиење? Па, тоа не е случајно! Во млекото се содржи аминокиселината триптофан, која е претходник на серотонин – хормонот на среќата и задоволството, кој брзо ќе ве натера да се чувствувате малку блажено.

Чаша вино: НЕ

Се тврди дека во мали дози алкохолот опушта, особено ако сте уморни. За црвеното вино пак се зборува дека е корисно за срцето. Истражувања покажуваат дека тоа му штети на квалитетното спиење, па треба да се држите подалеку од него, ако сакате да се наспите добро.

Чоколадо: НЕ

Чоколадата содржи кофеин и иако тој е во многу помали количини отколку во кафето, пак може да го уништи вашиот сонот. Никакво слатко пред спиење!

Банани: ДА

Особено се погодни пред да се мушнете во кревет. Калиумот го намалува стресот, а магнезиумот во нив ги опушта мускулите.

Чиле и други и зачини: НЕ

Лутата храна и зачини го отежнуваат варењето на храната, па затоа тие не се погодни пред спиење.

Супа од зеленчук: ДА

Таа е лесна, содржи растителни влакна и витамини и лесно се апсорбира во организмот. Дајте му одмор на стомакот за да имате квалитетен сон.

Зелен чај: НЕ

Зелениот чај докажано има еден куп корисни својства за организмот, но не заборавајте дека сепак и тој содржи кофеин, па треба да го пиете само во текот на денот.