Колони на „Богородица“, се чека половина час за излез

од Nikola Popovski

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Богородица за излез од државата е околу половина час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираа утрово од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Состојбата на граничниот премин Богородица може да се следи на овој ЛИНК.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини