Колони на границата со Бугарија, се чека еден час

од desk2
68 прегледи

Долги колони возила чекаат за влез во Бугарија од Македонија.

Утрово, оние кои тргнале за Бугарија, се соочија со чекање од најмалку еден час на границата со Бугарија. Официјално нема соопштение за застојот, но може да се претпостави дека голем дел од македонските граѓани заминуваат на продолжен викенд кај нашиот источен сосед.

Овие фотографии од состојбата пред граница стигнаа до нашата редакција.