Колони возила го напуштаат Скопје (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
369 прегледи

На излезот на Скопје, од Ѓорче Петров кон автопатот за Тетово, во попладневните часови може да се забележи метеж во сообраќајот и колона возила кои го напуштаат главниот град, објави 360 степени.

Ваквата слика кон излезот од главниот град е вообичаена за време на празници и продолжени викенди. Метежот е во пресрет на карантинот во главниот град кој ќе започне вечерва во 21 часот, а ќе заврши во понеделникот наутро во 5 часот.