Колони возила на „Богородица“, се чека околу 45 минути

од Nikola Popovski
151 прегледи

И утринава колони од возила пред граничниот премин „Богородица“. Иако од АМСМ информираат дека се чека околу 45 минути за влез во Грција, сепак времетраењето е подолго.

На снимките од видеокамерите на Јавното претпријатие за државни патишта поставени на граничниот премин, евидентна е зголемена фрекфенција на возила кои чекаат за излез од земјава и влез во Грција. Може да се види дека во моментов се пуштени две коловозни ленти со автомобили.

Изминатиот викенд, на граничниот премин „Евзони“ на влезот во Грција се создаде огромна гужва. Како што информираа туристите и патниците, „паднал“ компјутерскиот систем на грчките гранични власти. Се чекало и до три и пол часа за влез кај нашиот јужен сосед.

-На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини