Колони возила на границата со Грција, се чека до 20 минути

од Nikola Popovski
279 прегледи

Oд АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Како што известуваат на ГП Богородица време на чекање е 15-20 мин., а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според камерите на Јавното претпријатие за државни патишта, се гледаат повеќе колони со возила кои чекаат да влезат на територија на Грција.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини