Колони возила од македонска страна чекаат за влез во Грција

од Nikola Popovski

Гужви можат да се видат на снимките од граничниот премин „Богородица“, каде што долги колони од рано наутро веќе се формираат за влез во Грција. Според информациите, пуштени се пет ленти и сите се полни со товарни и патнички возила.

Од АМСМ засега нема информација колку време се чека на овој граничен премин. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Од 06:40ч сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско е во прекин поради случена сообраќајна незгода на 500 метри од крстосницата “Камен Дол”.

На магистралниот пат А-3 кај с.Очипала на патниот правец Македонска Каменица-Делчево , сообраќајот се одвива наизменично во една коловозна лента за сите видови на возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

 

Слични содржини