Катерина Колозова реагира на бојкотот на родителите против дигитализацијата на учебниците.
„Бојкот на родителите, преку децата – а апелираат да не се врши притисок врз децата- треба анкета: каков стил на настава сакаат децата, какви учебници сакаат и дали сакаат избор (кој е понуден), и, конечно, дали им се допаѓа идејата да се учи активно на училиште а да нема домашни и класични испрашувања.“, наведува Колозова во објавата на Фејсбук.
Таа појаснува дека кога се говори за „деца“ не мисли на деца-деца, туку на средношколци кои избираат или не дали ќе протестираат, дури знаат и да побараат консензус на партии, вели Колозова.
„Никој не може да ме убеди дека младите не го сакаат ова и дека родителите-штаботоми не инструираат на бојкот. Никој. Освен ако не видам истражување од сериозна агенција кое ќе каже – “сакаат физички книги во торба, сакаат домашни.” Ова е бојкот на родители, јасно си пишува во објавата, а децата се инструменти.“, реагира Катерина Колозова.