Колумбија: Децата раскажаа како се спасиле по падот на авионот и што јаделе во џунглата (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
584 прегледи

Четири мали деца, кои беа пронајдени живи во јужна Колумбија, пет недели откако авионот со кој патуваа се урна во густа џунгла, се во болница во Богота во стабилна состојба.

Децата се истоштени, но среќни, велат нивните блиски кои не можат да ја опишат нивната среќа што малечките се пронајдени по повеќе од 40 дена.

„Ги видов моите внуци. Што е најважно, тие имаат живот во себе. Иако се многу исцрпени, тие се во добри раце“, изјавила нивната баба Фиденсиа Валенсија.

И дедото е пресреќен.

„Среќни се што го гледаат своето семејство. Добри се. Тие се деца на дивината, знаат како да преживеат во џунглата“, вели гордиот дедо.

Децата, кои се членови на племето Уито, беа спасени во петокот откако 40 дена талкале во џунглата. Едногодишната Кристина, Солеини (9) и Тиен Нориел (4) се живи благодарение на нивната сестра Лесли (13), која е вистинска хероина.

„Преживеаја јадејќи брашно, кое го нашле во авионот, а потоа јаделе семки“, вели дедото.

Бабата кажала дека борбеноста на нејзината најстара внука била пресудна за децата да преживеат во ужасите на џунглата.

„Таа се грижела за своите браќа и сестри. Им дала да го изедат тоа брашно, малку леб што имало и бобинки што ги нашле“, вели бабата.

Децата биле пронајдени на околу пет километри од урнатините на авионот Цесна во кој летале со нивната мајка и уште двајца возрасни.

Слични содржини