Колумбискиот претседател го спореди Трамп со Хитлер поради депортацијата на мигрантите

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Колумбискиот претседател, Густаво Петро ја спореди политиката на депортирање илегални мигранти, спроведена од американскиот претседател Доналд Трамп, со политиката на лидерот на нацистичка Германија за време на Втората светска војна, Адолф Хитлер, објавија колумбиските медиуми.

Во вчерашното интервју за Univision, Петро го нарече Трамп фашист и ги спореди постапките на неговата администрација со нацистичка Германија, во врска со враќањето на илегалните мигранти со лисици на рацете од САД во Колумбија, за кои Трамп рече дека биле транспортирани на овој начин бидејќи биле „убијци, нарко босови и силувачи“, објави Colombiaone.com.

За време на интервјуто за Univision, Петро призна дека никогаш лично не разговарал со Трамп и не го познава добро, но дека врз основа на реториката на Трамп, тој верува дека американскиот претседател е фашист.

Слични содржини