„Командантот без чинови – Груевски фатен во пропаганден офсајт!?„

од Vladimir Zorba
89 прегледи

timthumb (6)

Откако лидерот на СДСМ Зоран Заев, веднаш по поплавите се појави пред настраданите граѓани  и почна да им помага во остранувањето на последиците, Никола Груевски им даваше „наредби на изгубените институции„, односно се возеше со џипови и обезбедување меѓу разочарниот народ.

Таквата тактика на „командантот без чинови„ не вроди со плод, туку стана контрапродуктивна, а огромниот негативен ефект што го сомисли неговиот тим, по големиот оф сајт – ја свртеа пропагандата кон друга приказна.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пост-фестум, Никол Груевски, заедно со министерот Спасов, се фатија за работа, облекоа чизми, ставија ракавици и, во стариот стил веднаш беа фотографирани.

Нели тоа како да било случајно од жители, кои останаа без ништо и на сета мака, го фатиле Груевски во „арбајтен атмсофера„  – фотографиран од сите агли.

Пропагандната машинерија покрај објавените фотографии стави коментари:

“Немаа камери, ама јас ги фатив, браво вакви луѓе ни требаат“ или,  “Вака се работи, секој ачест“.