Kомандантот на украинските копнени сили: Инвазијата на Украина не би била „прошетка во парк“

од Milan1

Инвазијата на Украина не би била „прошетка во парк” за Русија, бидејќи украинските војници ќе се борат до последен здив за секој метар земја, изјави командантот на украинските копнени сили, генерал Олександар Сирски, пренесен од „Скај њуз”

Генералот денеска кажа дека неговите војници ќе почнат серија воени вежби на северот на Украина, во близина на границата со Белорусија, каде руските и белоруските сили, од друга страна, изведуваат голема заедничка воена вежба.

Сирски истакна дека украинските војници ќе вршат обука и на југот на земјата. Вежбите ќе опфатат тестирање на новото оружје од САД и Обединетото Кралство, како и обука за одбивање воздушни напади.

Тоа е дел од напорите да се одврати рускиот претседател Владимир Путин да нареди напад врз Украина, откако собра повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница.

Генералот, инаку ветеран од осумгодишната војна меѓу Украина и Русија, денеска кажа дека сегашниот број на руски сили околу границите на неговата земја е околу 120.000 војници или околу 140.000 ако се вклучат морнарицата и воздухопловните сили.

Слични содржини