“Комерсант”: Станува ли Анкара клучен партнер на Москва по посетата на Путин?

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Russia's President Vladimir Putin (L) and Turkey's Prime Minister Tayyip Erdogan chat following a news conference in Istanbul December 3, 2012. REUTERS/Murad Sezer (TURKEY - Tags: POLITICS) - RTR3B65X

Денеска рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Турција, што се очекува да ја направи Анкара повторно клучен партнер на Москва на Блискиот Исток. Главен настан најверојатно ќе биде предвиденото потпишување на договор за изградба на гасовод “Турски поток” – не помалку важно, сепак има геополитичкат агенда, пишува “Комерсант”, цитиран од агенциите.
Во контекст на потегот на сириската армија со учество на руската авијација е офанзиваат против Алепо, а Москва сака да си обезбеди поддршка кај Анкара, која останува член на западната коалиција, но избегнува да ја критикува Русија.
“Соодветно при зголемениот притисок врз Москва од страна на Западот евентуалниот договор со претседателот Ердоган може да отворат за руското раководство можности за дипломатска контраигра со Западот”, посочува весникот.

Покрај тоа, раководството на Русија се стреми да ги убеди Анкара да ги затвори каналите на кои добиваат помош блокираните источни квартови на Алепо односно вооруженаат опозиција, која досега се потпира токму на турската поддршка, додава “Комерсант”, пренесува Би-Би-Си.

Курсот на Ердоган се менува за 180 степени, што предизвикува прашања – особено дали Турција е сигурен ако не како сојузник, тогаш барем како партнер на Русија, пишува во уредничкиот коментар “Независимаја газета”.
Западен експерти не гледаат траен и сигурен партнер на Москва во Анкара, и покрај тоа што како што се тврди, меѓу Путин и Ердоган има многу сличности.

И двајцата се сметаат за татковци на нацијата, и двајцата имаат скептичен однос кон Западот, не ја љубат опозицијата и не државните медиуми. Со еден збор, меѓу Москва и Анкара може да има само тактичко партнерство особено бидејќи Русија не може да и понуди на Турција повеќе отколку западните земји, се вели во материјалот.

Руско-турскиот конфликт издвојува една јасна тенденција последните години: непријателите на Русија се множат, а вистинските пријатели не стануваат повеќе. Денешните партнери и сојузници на Русија најчесто се сојузници од интерес. Бидејќи Русија не успева да формира некаква заедница од земји обединети со неа од заеднички вредности, принципи и аспирации, констатира “Независимаја газета”.