Комисијата за односи со верски заедници очекува детали и објаснување од владиката Петар за црковната телевизија

од Nikola Popovski
216 прегледи

Очекуваме владиката Петар да ја запознае јавноста со деталите за влезот во медиумскиот бизнис, изјави денеска директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски за најавеното отворање на црковна телевизија.

Сепак тој рече дека нема став во однос на користењето на права коишто се со закон гарантирани во државата.

-Тоа е достапна можност. Во овој момент немаме детали каков концепт е запазен. Доколку правото се искористи онака како што е предвидено во нашата правна рамка, е за поздрав, но треба да видиме, рече Сотировски во изјава за медиумите.

Владиката и митрополит преспанско-пелагониски Петар добил дозвола за отворање телевизија. Одлуката е објавена на веб-страницата на АВМУ и истата се однесува на скопскиот регион, со времетраење од девет години. Телевизијата добила дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици и медиуми во државата.

Владиката досега се нема јавно огласено во однос на отворањето на телевизијата.

Слични содржини