Комисија на ОН: Заклучивме дека во Украина се извршени воени злосторства

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на независната истражна комисија за Украина, Ерик Мозе, денеска изјави дека е констатирано дека во Украина се извршени воени злосторства, врз основа на доказите собрани во четири региони на таа земја.

„Врз основа на доказите што ги собра, Комисијата заклучи дека во Украина се извршени воени злосторства“, рече Мозе во Советот за човекови права на ОН во Женева, пренесе „Ројтерс“.

Независната комисија беше формирана од Советот за човекови права на ОН во март, поради наводите за злосторства извршени во Украина од 24 февруари, кога Русија започна воена операција во таа земја.

Слични содржини