265
Поради отсуство на пратениците од власта анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот немаше кворум за расправите поврзани со превозната компанија „Беса Транс” и случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.
-Власта одлучи да не дојде денеска на оваа седница и да не одлучува. Главната цел е да не овозможат дебата со точките кои се однесуваат на правата и слободите на граѓаните, рече претседателот на Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните Халил Снопче.
Несреќата на автобусот на „Беса Транс“,се случи на 23 ноември во раните утрински часови на автопатот „Струма“ во Бугарија, при што загинаа 45 лица, од кои 12 деца, а седум беа повредени.