Комисијата за европски прашања повторно на пауза

од desk2

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Артан Групи поради тензична атмосфера по трет пат даде пауза на седницата на која се расправа за Предлог-законот за изменување на Изборниот законик по скратена постапка во второ читање. Паузата ќе трае до 19:30 часот.


Се води расправа за вториот амандман од вкупно 400-ни кои ги поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Комисиската расправа треба да заврши до полноќ, бидејќи според Деловникот, за закони кои се донесуваат по скратена постапка и со европско знаменце треба да трае два дена.

Слични содржини