Комисијата за меѓународна трговија во ЕП го одобри предлогот за 100 милиони евра помош за С. Македонија

од Nikola Popovski

Комисијата за меѓународна трговија во Европскиот парламент го поддржа предлогот за доделување макрофинансиска помош за Северна Македонија до 100 милиони евра за покривање на дел од нејзините финансиски потреби за оваа година, пренесува „БНР“.

Ќе се исплаќа во две транши, за што нашата земја мора да ги спроведе мерките договорени со ЕУ во областа на даночната политика, даночниот менаџмент, управувањето со јавните инвестиции, јавно-приватното партнерство, подобрувањето на деловното опкружување, реформите во судството и борбата против корупцијата.

Другиот услов е задоволително спроведување на програмата на ММФ.

Европратениците забележуваат дека по делумно закрепнување од рецесијата после пандемијата на Ковид-19, Северна Македонија е сериозно погодена од руската агресија во Украина.

Одлуката треба да биде изгласана на пленарната седница на ЕУ во јуни, а потоа и на Советот на ЕУ.

Слични содржини