Комисијата за заразни болести ќе се состанува секоја среда

од Берта Китинска

Заради обврските кои ги имаат некои од колегите и министерот за здравство состанокот на Комисијата ќе се одржува во среда. Тоа ќе стане пракса и состанокот наместо во вторник ќе се одржува во среда , изјави за МИА портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ.

Основна точка на состанокот, посочи, е епидемиолошкиот пресек за минатата недела, а има и точки на дневен ред кои после тоа се разгледуваат.

– Кога ќе заврши состанокот на Комисијата ќе има прес-конференција и тогаш ќе кажеме се што е расправано, што има донесено препораки и заклучоци, додаде д-р Мехмедовиќ.

Слични содржини