Комисијата за европски прашања утре во 10 часот ќе ја одржи првата седница на која ќе се разглеуваат Законот за Јавно обвинителство и Законот за Советот на јавни обвинители, откако на вечерашната седница беше усвоена потребата двата закона да поминат во Собранието по скратена постапка.
По предвидената постапка, законите се враќаат на пленарна седница, каде 80 пратеници треба да дадат зелено светло за законските решенија кои во неделата вечерта владата ги достави во Собранието, а кои поради мали технички грешки беа вратени во Владата и повторно доставени.
Следната седница за законите ќе се одржи во среда, по што може да биде закажана и пленарната седница.
Законот за Јавно обвинителство влегува во собраниските комисии откако за решение се преговараше година и пол, но власта и опзицијата не успејаа да донесат договор. По билатералните средби кои ги имаше министерката за правда, Рената Дескоска, со помалите партии, вчера власта дојде до потребното дво-третинско мнозинство и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
А.Т.