Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани беше пресреќен по успехот со 1:0 над Лестер во
претпоследниот круг на Премиер лигата, кој додјде по негов погодок. Со победата, Сити собра 95
поени и го надмина Ливерпул на врвот на табелата на коло пред крајот.

„Работата воопшто не е во бројот на голови, туку кога си ги постигнал. Во таква вечер само јас
можев да го совладам Каспер Шмајхел, кој направи неколку важни одбрани. Имавме правилен
однос кон натпреварот, вршевме притисок, го поставивме противникот под напон, но ни
недостигаше завршница“, изјави Компани синоќа по мечот.
„Лестер се бореше добро, па ни требаше нешто друго. Мило ми е за тимот, се боревме до
последната секунда. Секој натпревар во последните четири месеци беше важен. Сé уште не
освоивме ништо, претстои уште еден круг“, рече белгискиот репрезентативец.