Компаниите се соочуваат со недостаток на кадар-работници си одат во странство

од Берта Китинска

Како резултат на миграциите во и надвор од земјата, повеќе од половина од компаниите во Македонија се соочуваат со проблем на задржување на работната сила на подолг временски период.Недостига секаков тип на персонал.Од келнери шанкери, до готвачи.

-Во делот на угостителството одливот на кадар можеби е резултат на ковид пандемијата,но недостатокот на работна сила во електроиндустријата е многу долгорочен и треба сериозно да се разгледува. На пазарот на трудот има голем број на работоспособно население кое не ги задоволува потребите на пазарот.Она што е потребно, е да се направат дирекни реформи кои секако се болни и долготрајни во делот на образовниот систем ,односно потребно е работодавачите да ги оспособат своите капацитети за поголем број на практични часови, рече Владанка Трајкоска претседател на Организација на работодавачи.

Слични содржини