224
Компанијата SpaceX на Елона Маск и осигурителната компанија Unipol Grupo постигнаа договор да им помогнат на погодените од поплавите во северна Италија да се поврзат на Интернет, што ќе ги олесни спасувачките операции, објави денеска италијанскиот осигурител.
Невреме и поплави го опустошија италијанскиот регион Емилија-Ромања, каде што животот го загубија 14 луѓе, а предизвикаа штети кои се проценуваат на неколку милијарди евра, а најтешко е погодено земјоделството, објави „Ројтерс“.
Најмалку 36.000 луѓе се принудени да ги напуштат своите домови, а многумина кои останаа во поплавените подрачја се без струја.
Лошото време ги отежнува спасувачките напори, како и телефонските линии.